Достапни линкови

logo-print

Македонија и Србија нема да ги затворат границите за мигранти


​​Приливот на бегалците и мигрантите се очекува да се зголемува, а границите на Македонија и Србија и натаму ќе останат отворени за нивен слободен транзит низ двете земји, согласни учесниците на панел дискусијата организирана од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Ситуацијата со бегалците и мигрантите нема да се реши во блиска иднина и кризата ќе продолжи и понатаму, велат од организациите кои се вклучени во решавањето на проблемот и кои учествуваа на панел дискусијата организирана од Универзитетот Американ Колеџ Скопје.

Така што не мислам дека ситуацијата ќе се решава во блиска иднина и ако го имаме превид и тоа сметам дека кризата ќе продолжи и дека ќе има повеќе раселени лица, посебно од Сирија.

Приливот на бегалците и мигрантите, според нив се очекува да се зголемува, а границите на Македонија и Србија и натаму ќе останат отворени за нивен слободен транзит низ двете земји.

Претставникот на УНХЦР во Македонија, Мохамед Ариф вели дека e тешко да се предвиди што ќе се случува, но ситуацијата на Блискиот Исток наместо да се подобрува се влошува.

„Така што не мислам дека ситуацијата ќе се решава во блиска иднина и ако го имаме превид и тоа сметам дека кризата ќе продолжи и дека ќе има повеќе раселени лица, посебно од Сирија. Треба да се очекуваат повеќе бегалци и мигранти исто така кои ќе продолжат да се движат и треба да се очекува дека уште поголем број ќе ги напуштаат нивните земји, посебно од Сирија и дел од Авганистан.“

Политиките на ѕидови и огради се покажаа како пропаднати политики и затоа не размислуваме за такви политики.

Според него 85 проценти од луѓето кои се обидуваат да стигнат во западноевропските земји се бегалци, а останатите се мигранти. На прашањето дали Македонија по примерот на другите земји би ја затворила границата за бегалците и мигрантите, директорката на Центарот за управување со кризи, Сузана Салиу вели дека тоа нема шанси да се случи.

„Политиките на ѕидови и огради се покажаа како пропаднати политики и затоа не размислуваме за такви политики.“

Србија од првиот момент е отворена кон Македонија и повеќе пати нашиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија нема никогаш да ја затвори границата. Ние се спротиставивме и на затварањето на нашата северна и западна граница, бидејќи сметаме дека времето на ѕидовите и бодликавите жици е во минатото, но за жал и тоа се случи. Добро е што тоа го премостивме и се надеваме дека нема да се повтори.

Таа не верува ни дека нашиот северен сосед би ја затворил границата и Србија, според неа сега засега се покажала како добар домаќин за мигрантите и бегалците. Тоа го негираше и српската амбасадорка во Македонија, Душанка Дивјак Томиќ.

„Србија од првиот момент е отворена кон Македонија и повеќе пати нашиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија нема никогаш да ја затвори границата. Ние се спротиставивме и на затварањето на нашата северна и западна граница, бидејќи сметаме дека времето на ѕидовите и бодликавите жици е во минатото, но за жал и тоа се случи. Добро е што тоа го премостивме и се надеваме дека нема да се повтори.“

Амбасадорката додава дека и ЕУ е свесна оти проблемот е сериозен и комплексен и не ги засега само балканските држави. Според неа, ЕУ сега повеќе се ангажирала и не само за нејзините земји членки, туку за сите кои се засегнати од проблемот. Генералниот секретар на Црвениот крст во земјава, Саит Саити смета дека сите институции и актери кои се дел од одговорот на кризата сега имаат поорганизиран пристап кон задоволување на потребите на мигрантите и бегалците. Тој додава и дека веќе се подготвуваат за идните предизвици, бидејќи кризата ќе продолжи.

„Се подготвуваме за претстојниот зимски период ги усогласуваме потребите и можностите и се со една крајна цел да Република Македонија покаже дека со скромните капацитети кои ги поседуваме, но со добрата амбиција како луѓе, народи и држава ги разбираме проблемите и страдањата на другите и сме подговени да помогнеме“.

Италијанскиот амбасадор во Македонија, Ернесто Масимино Белели порача дека кризата е предизвик без преседан не само за Европа, туку и за европските вредности и под знак прашалник се става способноста заеднички да се справат со ситуацијата. Тој смета дека е потребна изработка на една сеопфатна стратегија и да се работи на солидарноста, а не создавањето бариери за мигрантите и бегалците.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG