Достапни линкови

logo-print

Асад: Успехот на кампањата клучен за спасување на Блискиот Исток


Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека успехот на воената кампања на Русија, Сирија и нивните сојузници е клучна за да се спаси Блискиот Исток од уништивање. „Алијансата меѓу Русија, Сирија, Иран и Ирак мора да успее или целиот регион ќе биде уништен“, предупреди Асад во интервју за иранска телевизија. Тој рече дека борбата на коалицијата предводена од САД против групата на Исламската држава ќе доведе до повеќе нестабилност во неговата земја и во регионот. Ова се први коментари на Асад, откако Русија ја започна воената кампања во Сирија на 30 септември. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, руското бомбардирање во Сирија го нарече „сериозна грешка.“ Западот и сириската опозиција, пак, велат дека Русија со воздушните напади го поддржува Асад, и дека исто така гаѓа и цели кои не се на групата на ИД. Москва ги отфрла обвинувањата. Сириски активисти велат дека десетици цивили се убиени во воздушните напади.

XS
SM
MD
LG