Достапни линкови

logo-print

Целосно, а не парцијално решение за патот Прилеп - Градско


Возачите велат дека патот Прилеп-Градско, преку превалецот Плетвар е во програмата досега на секоја македонска влада, но условите се катастрофални. Тие бараат целосна и квалитетна реконструкција.

Патот од Прилеп до Градско е еден од најфреквентните во државата, но исто така е еден од најризичните. Цена на непочитувањето на сообраќајните правила, но и крајно лошите услови на патот се бројните човечки жртви во честите сообраќајни несреќи. Возачите со години бараат да се реши овој проблем, но се интервенира само парцијално. Во моментов, тие лоцираат низа проблеми на превалецот Плетвар.

На Плетвар горе едно 6-7 километри од базата е лош патот, а го правеа пред 8-9 години беше реконструиран патот.

„Од превалецот Плетвар кон ресторанот „Че“ до крајот на третата лента каде што е кај Тројаци, има навистина пропаѓање на коловозната лента од потешки товарни возила, тоа се како шини коишто нам ни сметаат, на возилата“, вели Томе Ангелески.

„Да има три ленти кога ќе слегуваш за надолу и за нагоре, ама кога ќе слегуваш од Плетвар тоа е сето бразди, не можеш ни навреме да стигнеш, ни да претекнеш, значи во секој случај пак е ризичен Плетвар“, вели Гоце Маркоски.

Многу е многу, јас често пати одам за Струмица, ама ризичен е патот многу, да не смееш да возиш што се вели од 60-70км и толку е ризично да возиш.

На лошите услови на Плетвар реагираат и Александар Кокароски, возач на такси од Прилеп и Кенан Адемоски, жител на селото Норово, којшто често го минува овој пат.

„На Плетвар горе едно 6-7 километри од базата е лош патот, а го правеа пред 8-9 години беше реконструиран патот“, вели Александар Кокароски.

„Многу е многу, јас често пати одам за Струмица, ама ризичен е патот многу, да не смееш да возиш што се вели од 60-70км и толку е ризично да возиш“, оценува Кенан Адемоски, возач од село Норово.

Од ноември ќе започне изградбата на патот од Дреново до Плетар, онаа најлоша делница што е околу клисурата, ќе биде изграден пат со по две ленти во две насоки, и инвестиција од 42 милиона евра.

Уште покатастрофални се условите на патот од крајот на третата лента до Дреново, каде според возачите, има многу ударни дупки, чести одрони на патот, а само две сообраќајни ленти.

„Кај што е со две ленти до Росоман е исто така катастрофа, треба внимателно возење, од 60-70мк/ч. ако се вози повеќе е ризик“.

„Значи штом е со две ленти не чини, ризик е, е штом излезеш на автопат е друго“.

„Има едно 7 км каде што треба итно да се направи патот, од Дреново до после тунелот, до трите ленти каде што се, има многу дупки и не е рамен патот од камиони“, реагираат возачите.

Вицепремиерот Зоран Ставрески најавувајќи бројни проекти за развој на економијата во Прилеп, вети дека од ноември ќе започне изградбата на делницата од Дреново до Плетвар.

„Од ноември ќе започне изградбата на патот од Дреново до Плетар, онаа најлоша делница што е околу клисурата, ќе биде изграден пат со по две ленти во две насоки, и инвестиција од 42 милиона евра којашто ја поддржува Европската банка за обнова и развој, верувам дека тоа ќе помогне во голем дел да се помогне“, изјави Ставрески.

Имајќи го предвид фактот дека патот Прилеп-Градско, преку превалецот Плетвар е во програмата досега на секоја македонска влада, а од друга страна и катастрофалните сообраќајни услови, возачите порачуваат, политичарите да прекинат со политички маркетинг.

Тие бараат овој пат владата, сериозно да се заложи, да оддвои средства, но не за парцијални решенија, туку за целосна и квалитетна реконструкција на патот од Прилеп до Градско, зашто оваа делница е главна сообраќајна артерија и на бизнис ресорот и на граѓаните.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG