Достапни линкови

Изборната регулатива покомплицирана од специјалниот обвинител


Рокот шести октомври не е предвиден во договорите од Пржино, како што беше со специјалната јавна обвинителка, но се брифира дека тој се зема сериозно, оти останува кратко време до изборите.

Сличен ден како и 14 септември кога се преговараше до последен момент за изборот и законот за специјалниот јавен обвинител кој се донесе со силно посредство на странците се очекува и денеска кога истекува рокот за да се договорат измените во изборната регулатива, брифираат извори вклучени во работата на работната група.

Партиите досега стојат цврсто на своите позиции, па речиси сите прашања остануваат отворени, од начинот на прочистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, до составот на Државната изборна комисија и нејзините ингеренции.

Партиите досега стојат цврсто на своите позиции, па речиси сите прашања остануваат отворени, од начинот на прочистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, до составот на Државната изборна комисија и нејзините ингеренции, нешто што се чинеше дека е подзатворен проблем минатата недела.

Олеснувачот Питер Ван Хоуте.

Олеснувачот Питер Ван Хоуте.

Иако рокот шести октомври не е предвиден во договорите од 2 јуни и 15 јули, како што беше со специјалната јавна обвинителка, туку него првпат во јавноста го спомена еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, се брифира дека тој се зема сериозно и дека се очекува да се почитува меѓудругото и заради краткото време што останува до изборите договорени на 24 април. Откако ќе бидат договорени, слично како и во случајот со обвинителот, Собранието се очекува да ги изгласа измените.

Според аналитичарот Насер Зибери, кога се носат брзи законски измени можно и да се провлечат грешки кои по изборите ќе остават простор за меѓусебни партиски обвинувања.

„Се плашам дека ставени во еден ваков временски цајтнот политичките партии нема да изградат стабилен изборен систем и повторно ќе остават празнини за префрлување на вината кај едниот или кај другиот откако ќе се видат изборните резултати. Пратениците секако дека ќе бидат ставени во една таква некомотна ситуација да се изјаснуваат без да имаат доволно простор за разгледување и расправа во собранието, ама што се однесува до пратениците од владеајчкото мнозинство тие и така се навикнати без расправа и дискусија само да ги гласаат предлозите од владата зошто ставот на владата за нив е амин“, вели Зибери.

Инаку досега се пречекорени роковите предвидени во договорите од Пржино. Во второјунскиот се предвидуваше до 31 јули за да се прегледа и модифицира составот на Државната изборна комисија и 30 септември на неа да и се дадат зголемени овластувања.

„Мислам дека прашањето на изборниот модел е дури поделикатно од прашањето на специјалната јавна обвинителка зошто тука областа што треба да се регулира тангира повеќе прашања почнувајќи од моделот, бројот на изборни единици, правото на глас на дијаспората и и Државната изборна комисија така што полето на договарање е многу широко и се подразбира дека потешко може за повеќе прашања да се најде консензус”, вели Зибери.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG