Достапни линкови

logo-print

ДУИ постојано на власт, а се жали како опозиција


Актуелизирањето на Рамковниот договор од страна на ДУИ е само додворување на гласачкото тело и дефокусирање од коруптивните скандали, велат познавачите.

Секогаш кога се приближуваат изборите, ДУИ од ракав ги вади нерешените етнички прашања, како употребата на јазикот, посебен канал на албански јазик на МТВ, надградба и ревизија на спроведеното од Рамковниот договор, прашања за кои до сега имаа доволно време од позиција на власт да ги реши, но тоа не го стори, вели аналитичарот Алајдин Демири. Тој смета дека актуелизирањето на Рамковниот договор во овој период е само додворување на гласачкото тело и дефокусирање од коруптивните скандали за кои се обвинети дека се вмешани челниците на ДУИ.

Ги заменија тезите дека поплаките се политичко делување и дека така Македонија ќе се прими во НАТО и ЕУ, заборавајќи дека за прием треба конкретна конкретна и реална работа. Кога тие ништо не работеа, им останува само да плачат.

„Самите челници на ДУИ овојпат, Али Ахмети, Муса Џафери итн., кои се длабоко во тие корупциски афери и сега треба да им се префрли вниманието на населението и на гласачите на нешто патриотско, на нешто политичко.“

Демири додава тие забораваат оти во власт се веќе една деценија и дека до сега имаа шанса за да ги решат тие прашања, а не да прават примитивен маркетинг со тоа.

Од друга страна, аналитичарот Арсим Синани вели дека по 15 години од спроведувањето на Рамковниот договор се уште не е спроведен, тогаш проблемот не е во договорот, туку во тој што треба да го спроведе.

Мислам дека ДУИ сака да се извлече од калта во која ги турна Албанците во Македонија, заедно во ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека проблемот е меѓувладините партнери, коалиционери и во еден аспект и кај албанската политичка владејачка партија која Рамковниот договор како Мекдоналдс за надворешна употреба.

„Мислам дека ДУИ сака да се извлече од калта во која ги турна Албанците во Македонија, заедно во ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека проблемот е меѓувладините партнери, коалиционери и во еден аспект и кај албанската политичка владејачка партија која Рамковниот договор како Мекдоналдс за надворешна употреба.“

Синани смета дека во суштина Албанците во Македонија не ги гледаат резултатите од спроведувањето на Охридскиот договор, а проблемот за тоа лежи во несеризното однесување на раководните лица во секретаријатот.

Демири, пак, посочува дека ДУИ во коалицијата се однесува како странски набљудувач во власта, а причина за тоа е недостаток на реална политичка платформа, постојано потпирајќи се на темите од круцијално значење за Македонија како зачленувaњето на земјава во НАТО и ЕУ.

„Ги заменија тезите дека поплаките се политичко делување и дека така Македонија ќе се прими во НАТО и ЕУ, заборавајќи дека за прием треба конкретна конкретна и реална работа. Кога тие ништо не работеа, им останува само да плачат.“

Предизборието ДУИ го дочекива во услови кога во дел од „опозициските бомби“ се слуша за наводна поврзаност на нивни функционери со злоупотреба на службена должност, обвинувања за аферата „ Маѓар Телеком“, опкужени со движења за промени однадвор но и одвнатре, а од досегашната пракса од имплементацијата на рамковниот можат да понудат само работни места.

Во таква суитуација јасен е стравот на Ахмети од нови албански политички партии вели Синани.

„Нормално страв. Петнаесет години да не правите ништо за Албанците, мислам дека тоа не е страв, тоа е тенденција дека ја губите власта и мислам дека тоа се случува на ДУИ.“

Демири на ова додава дека ДУИ нема капацитет за плурализам и се правда дека повеќе партии би ги дисперзирале гласовите на албанското гласачко тело, но заборава да си го постави прашањето зошто никунуваат тие партии. Токму нивното неработењето на вистиснките суштински прашања создава простор за нови политички сили кои би понудиле нешто повеќе.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG