Достапни линкови

logo-print

Германија сега очекува над милион ипол мигранти


Германија се подготвува на над милион ипол баратели на азил кои треба да пристигнат во таа земја до крајот на оваа година. Дневникот „Билд“, повикувајќи се на најновиот извештај на германската влада, пишува дека во наредните месеци ќе се интензивира мигрантскиот притисок врз Германија.

Повеќето од стотиците илјади луѓе кои пристигнуваат во Европа, бегајќи од конфликтите и сиромаштијата на Блискиот Исток и Африка велат дека крајна дестинација им е Германија, најголемата европска економска сила.

Тоа, според семејните врски на Блискиот Исток ќе значи дека секој поединец на кој ќе му биде дозволен азил би можело да доведе од четири до осум членови на неговото семејство во Германија.

„Сега се очекуваат од седум до десет илјади илегални минувања на границата секојдневно. Овој голем број на баратели на азил ризикува да стане екстремно оптоварување за германските сојузни држави и општини“, го цитира весникот „Билд“, извештајот на германската влада.

Во него се наведува и тоа дека таа била загрижена оти не ќе може да постигне да ги прими новите мигранти поради недостиг на објекти каде што тие би биле сместени.

Германските власти исто така страхуваат од можноста оние на кои ќе им биде одобрен азил да си ги донесат своите семејства во Германија.

Доколку барателите на азил продолжат до доаѓаат во Германија како што тоа го правеа во изминативе недели, не ќе имаме друг избор од привремено стопирање на приемот на луѓе и затворање на границите.

„Тоа, според семејните врски на Блискиот Исток ќе значи дека секој поединец на кој ќе му биде дозволен азил би можело да доведе од четири до осум членови на неговото семејство во Германија“, се наведува во извештајот на германската влада што го цитира „Билд“.

Германскиот канцелар Ангела Меркел, пак, деновиве изјави дека Германија не размислува да ја намали нејзината посветеност за натамошно прифаќање на барателите на азил кои бегаат од војната во Сирија.

Ваквиот став донесе пад на нејзиниот рејтинг на најниско ниво во изминативе четири години, но и различни мислења во владата во врска со мигрантската криза.

Министерот за финансии Волфганг Шојбле во неделата рече дека Европа би требало да го намали бројот на мигрантите или дури и да ги затвори нејзините граници.

„Доколку барателите на азил продолжат до доаѓаат во Германија како што тоа го правеа во изминативе недели, не ќе имаме друг избор од привремено стопирање на приемот на луѓе и затворање на границите“, изјави Штефан Маер од германската владејачка коалиција.

Тоа е во спротивност од мислењето на Меркел која за германското радио изјави дека Германија би требало да се справи со оваа криза, а не да се обидува да го избегне проблемот.

„Градењето огради на границите е бесмислено“, изјави Меркел, наведувајќи дека бегалците ќе најдат други патишта за влегување во Европа.

Како и да е, притисокот врз Ангела Меркел постојно се зголемува, а се повеќе германски политичари бараат ограничување на бројот на мигрантите во Германија.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG