Достапни линкови

logo-print

Рекордно ниска екстремна сиромаштија во светот


Светската банка соопшти дека за прв пат помалку од 10 насто од светската популација ќе живее во крајна сиромаштија до крајот на оваа година. Според проценките на банката, околу 702 милиона луѓе, или 9,6 проценти од светското население ќе живее под границата на сиромаштијата, главно во Подсахарска Африка и во Азија. Овој процент во 2012 година изнесуваше 12,8. Во извештајот на Светската банка сепак се наведува дека постои голема загриженост за милиони луѓе во Африка. „Ние сме прва генерација во човечката историја која може да и стави крај на екстремната сиромаштија“, вели претседателот на Светската банка Џим Јонг Ким.

XS
SM
MD
LG