Достапни линкови

„Зелената зона“ во Багдад се отвора по 12 години


Ирачкиот премиер Хајдар ал Абади објави дека строго чуваната „Зелена зона“ во Багдад по 12 години, повторно ќе биде отворена за јавноста. Сепак повеќе од рестрикциите за движење и натаму ќе останат во сила во некои делови на зоната која се протега на површина од 10 квадратни километри. Таа е лоцирана на западниот брег на реката Тигар и беше затворена по американската интервенција во Ирак во 2003 година. Во неа се сместени ирачките политички институции и странските амбасади. Ирачаните ги критикуваа нивните лидери дека живеат заштитено во Зелената зона, за разлика од нив кои страдаат од скоро секојдневни насилства и напади.

XS
SM
MD
LG