Достапни линкови

logo-print

Милитанти на ИД ја уништиле Триумфална арка во Палмира


Сириски активисти соопштија дека милитанти на Исламската држава ја уништиле Триумфалната арка стара скоро 2 илјади години во античкиот град Палмира. Станува збор за едно од најпознатите места во Палмира, што е во рацете на милитантите од мај годинава. Милитантите уништија многу вредни историски градби во териториите што се под нивна контрола во Ирак и Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија соопшти дека арката била уништена поради нејзините орнаменти што се сметале за немуслимански. Градот Палмира беше врската меѓу Римската империја и Персиското царство.

XS
SM
MD
LG