Достапни линкови

Германија годинава очекува над милион ипол мигранти


Германија се подготвува на над милион ипол баратели на азил кои треба да пристигнат во таа земја само во оваа година. Претходните очекувања беа дека во Германија годинава ќе пристигнат околу 800 илјади мигранти. Дневникот „Билд“, повикувајќи се на најновиот извештај на германската влада, пишува дека мигрантскиот притисок ќе се интензивира. „Сега се очекуваат од седум до десет илјади илегални минувања на границата секојдневно“, наведува „Билд“, додавајќи дека германската влада не ќе биде во можност да прими нови мигранти. Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека Германија не размислува да ја намали нејзината посветеност да ги прифати барателите на азил.

XS
SM
MD
LG