Достапни линкови

Поплавите во Франција однесоа 13 животи


Илустрација

Илустрација

Француските власти соопштија дека најмалку 13 луѓе загинале, а 6 се водат за исчезнати во поплавите од големите врнежи од дожд кои го погодија азурниот брег. Францускиот претседател Франсоа Оланд им изрази сочуство на семејствата на жртвите. Во Кан, кој е домот на престижниот филмски фестивал беше поплавена железничката станица, а автомобилите пловеа по улиците. Во Ница летовите беа пренасочени. Поради поплавите илјадници домови беа оставени и без струја.

XS
SM
MD
LG