Достапни линкови

Стариот град во Ерусалим забранет за Палестинците


Палестинци во Стариот град во Ерусалим за време на празнувањето на Рамазан.

Палестинци во Стариот град во Ерусалим за време на празнувањето на Рамазан.

Израел им забранил влез на Палестинците во Стариот град во Ерусалим откако двајца Израелци беа убиени и тројца повредени во одделни напади во градот. Полицијата соопшти дека таквиот чекор ќе има влијание врз Палестинците во источен Ерусалим, бидејќи им бил дозволен влез само на Израелците, туристите, жителите на реонот, како и на сопствениците на некој бизнис и на учениците. Влезот во џамијата Ал Акса ќе биде лимитиран на жени и мажи под 50 годишна возраст.

Палестинските власти ја осудија политиката на Израел. Вчера еден Палестинец уби двајца Израелци и повреди жена во Стариот град во Ерусалим. Милитантната група Исламистички Џихад презеде одговорност за нападот. Во друг инцидент Палестинец прободел и повредил минувач во западен Ерусалим.

XS
SM
MD
LG