Достапни линкови

Бомбашки напад во Ирак, 24 жртви


Најмалку 24 луѓе загинаа во една од шиитските населби во главниот град на Ирак, Багдад откако тројца бомбаши самоубијци се обиделе да се пробијат низ контролен пункт. Во нападот биле повредени и 61 лице. Властите соопштија дека еден од напаѓачите бил застрелан, додека другите двајца успеале да го детонираат експлозивот. Исламската држава ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG