Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза-Сончево со умерена облачност


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во западните делови ќе има зголемена облачност со повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од 22 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне се очекува зголемување на облачноста. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде околу девет, а дневната ќе достигне до 25 степени.

XS
SM
MD
LG