Достапни линкови

МВР-Нема новини во истрагата за атентатот врз Глигоров


Киро Глигоров

Киро Глигоров

Портпаролот на МВР Иво Котевски денеска изјави дека и по 20 години, нема нови моменти во истрагата за атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров.Според него, многу е тешко по две децении да се надоместат сите пропусти кои намерно или ненамерно се направени во тогашната истрага. Тој нагласи и дека колку повеќе време минува, толку се помали надежите за целосно расчистување на случајот.

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди на главата. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје. Глигоров почина на 1 јануари 2012 година на 94 годишна возраст.

XS
SM
MD
LG