Достапни линкови

Најмалку 9 жртви во нападот на болница во Авганистан


Нападот врз болницата во Кундуз

Нападот врз болницата во Кундуз

Најмалку девет луѓе загинале, а 37 се повредени во напад на болница во авганистанскиот град Кундуз, соопштија од Лекари без граници. Според нив, во воздушниот напад кој се случил во текот на ноќта, делумно била уништена и зградата на болницата.

Од Лекари без граници порачаа и дека се шокирани од нападот и од убиството на нивниот персонал и пациенти. Од НАТО соопштија дека можеби тие се одговорни за нападот. НАТО заедно со авганистанските сили се бори против талибанците за преземање на контролата врз градот.

XS
SM
MD
LG