Достапни линкови

МВР-Издадени потврди на 2140 странски државјани


Во изминатите 24 часа на 2140 странски државјани им се издадени потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Македонија. Потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил им е издадена и на 63 деца кои патуваат без родител.

Како што соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сиријаи на Авганистан, додека другите се во помал број. Од 19 јуни годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 113.501 странски државјани.

XS
SM
MD
LG