Достапни линкови

Загинаа 30 луѓе во лизгање на земјиште во Гватемала


Најмалку 30 луѓе загинаа, а неколку стотина се водат за исчезнати по вчерашното лизгање на земјиштето на периферијата на главниот град на Гватемала. Спасувачките работници, полицијата и војската се во потрага по исчезнатите лица под урнатините. Некои луѓе соопштија дека добиле пораки од лица кои се уште се заробени и по 24 часа откако се случи лизгањето на земјиштето во градовите Санта Катарина Пинула и Ел Камбрај.

Според властите, околу 600 луѓе се исчезнати и се во очекување бројката на жртви да расте, а околу 125 домови биле уништени или оштетени по големите врнежи од дожд.

XS
SM
MD
LG