Достапни линкови

Три жртви во напад на болница во Авганистан


Од Лекари без граници соопштија дека во болница во авганистанскиот град Кундуз кој била делумно уништена од воздушен напад во текот на ноќта, загинале тројца вработени, а 30 се водат за исчезнати. Групата додаде дека е шокирана од нападот и од убиството на нивниот персонал и пациенти. Од НАТО соопштија дека можеби тие се одговорни за нападот. НАТО заедно со авганистанските сили се бори против талибанците за преземање на контролата врз градот.

XS
SM
MD
LG