Достапни линкови

logo-print

Оланд-Изборите во источна Украина ќе бидат одложени


Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека локалните избори кои треба да се одржат во бунтовничките реони во источна Украина во овој месец најверојатно ќе бидат одложени до 2016 поради застојот на Киев во разговорите со сепаратистите. Бунтовниците планираат да одржат самостојни избори на територијата која е под нивна контрола, што според западните власти ќе претставува прекршување на условите од мировниот договор потпишан во февруари во Минск, Белорусија.

Оланд ја даде изјавата по разговорите со украинскиот претседател Петро Порошенко, рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Ангела Меркел. Според него, тие нема да прифатат избори во источна Украина под услови кои нема да го почитуваат договорот.

XS
SM
MD
LG