Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза-Сончево со мала облачност


Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот во западните делови од земјата во планинските региони ќе има услови за појава на слаб дожд. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 19 до 26 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

XS
SM
MD
LG