Достапни линкови

Хамбург и Берлин обезбедуваат станови за бегалците


Германскиот град Хамбург усвои закон за одземање на празни деловни простории, за да им обезбеди станови на мигрантите и барателите на азил.

Портпаролот на адмистрацијата на градот Хамбург, Улферт Капхенгст денеска ја објави одлуката, велејќи дека е донесена од страна на локалните советници. Тој рече дека приватни станови не се опфатени со законот.

Како и останатите германски градови, Хамбург се соочува со предизвикот да обезбеди сместување за рекордниот прилив на мигранти, кои бегаат од војните во Сирија, Ирак и Авганистан.

Постојните објекти во Хамбург се пренаселени, а во центрите за бегалци во градот за време на минатиот викенд имаше судири меѓу групи мигранти од различни земји.

Како омилена дестинација за многумина кои доаѓаат во Европа, Германија очекува околу еден милион мигранти во текот на 2015 година.

Со доаѓањето на зимата, многу германски градови итно бараат алтернативни решенија за да се справат со приливот. Берлин исто така усвои мерка за одземање на деловен простор.

XS
SM
MD
LG