Достапни линкови

Уапсени 44 лица осомничени за тероризам во Турција


Турската полиција денеска приведе вкупно 44 лица осомничени за тероризам и за членство во Курдската работничка партија (ПКК) и други терористички организации. Полицијата презеде акции во 28 квартови на Истанбул, при што се одземени три пиштоли, поголемо количество куршуми и документи. Дел од турските медиуми јавија дека меѓу уапсените има и членови на курдската Демократска партија на народите, како и членови на синдикати и поранешни градоначалници. Во меѓувреме во градот Силван, во југоисточниот округ Дијабекир силите за безбедност презедоа антитерористичка операција во која учествуваат и снајперисти и борбени хеликоптери. Акцијата во Силван е преземена откако вчера припадници на ПКК убија двајца турски војници.

XS
SM
MD
LG