Достапни линкови

Јеменската влада ги прекина врските со Иран


Јеменската влада на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади поддржана од Саудиска Арабија, одлучи да ги прекине дипломатските врски со Иран. Државната телевизија во Аден денеска го објави соопштението, без дополнителни образложениеја. И Бахреин вчера го отповика својот амбасадор од Иран. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во март интервенираше во војната во Јемен за да ја врати на власт тамошната влада, откако беше принудена на егзил од страна на Хути бунтовниците. Интервенцијата доаѓа поради загриженост на арапските заливски земји за зголеменото влијание на Иран во регионот.

XS
SM
MD
LG