Достапни линкови

logo-print

Кумановци во трка по билети за Денови на комедијата


На годинашниот театарски фестивал Денови на комедијата во Куманово има зголемен број на претстави на репертоарот, а сепак за некои од нив пред самиот почеток билетите се распродадени.

Сценската уметност по осумнаесетти пат на своите љубители ќе им подари уште еден октомври со театарскиот фестивал Денови на комедијата, кој традиционално се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. И овој пат се бара билет повеќе, а комедиите се од продукција на македонски, српски, бугарски, босански, албански и турски јазик. Интересно е што љубителите на театарот, на комедијата особено, не знаат доволно ниту за претставите, за режисерите, авторите на текстовите, за актерските екипи, но сосема доволно знаат да го сакаат театарот.

Без оглед дали е домашна, српска или некоја странска претстава, се бараат билети. Како што ништо не се случува цела година во Куманово, мислам дека со душа го чекаат овој фестивал. Мислам дека го сакаат театарот и тоа многу.

Затоа и театрологот Ристо Стефановски вели дека ваков фестивал кој за две години ќе го одбележи дведеценискиот јубилеј му прилега само на Куманово, оти тука најдобро вирее хуморот и сатирата. Директорот на Центарот за култура Роберт Павлевски, пак, додава дека годинава на репертоарот е зголемен бројот на претставите, а сепак за некои од нив пред самиот почеток билетите се распродадени.

„Без оглед дали е домашна, српска или некоја странска претстава, се бараат билети. Како што ништо не се случува цела година во Куманово, мислам дека со душа го чекаат овој фестивал. Мислам дека го сакаат театарот и тоа многу“, вели Павлевски.

Најчесто одиме на сите претстави, ретко нешто да пропуштиме. Мислам дека сепак треба да се оди во театарот во денешно време. Многу ме исполнува.

Кумановци на театарските претстави одат и семејно.

„Едвај чекам да дојде октомври. Не е битно дали претставата е домашна или странска. Одам со семејство.“

„Најчесто одиме на сите претстави, ретко нешто да пропуштиме. Мислам дека сепак треба да се оди во театарот во денешно време. Многу ме исполнува.“

„Редовно одам. Најмногу сакам комедија. Со нетрпение го очекувам. Во принцип ги гледам сите претстави, а повеќе сакам странски. Фестивалот значи дека се случува нешто во Куманово.“

„Сакам да одам на претставите, особено што Куманово е познат како град на шегобијци и веќе 18 години има прекрасни комедии кои се вредни да се погледнат и да ни го разубават нашето секојдневие“, велат дел од редовните посетители.

Градот кој за својот мит го има ликот на некогашниот боем и шегобиец Батко Ѓорѓија, според Ристо Стефановски, заслужува и монографија која веројатно ќе биде објавена за дведеценискиот јубилеј. Според него, кумановци со пиетет ќе го негуваат театарот, комедијата која секогаш е поатрактивна од драмата, трагедијата. Но, и најтежок театарски жанр да се напише и да се постави на сцената. Имено, како и во животот, кога треба да се соберат сили и да се насмевне на тешкотиите, тие да се преточат во хумор за полесно да се надминат. Кумановци со прераскажување на репликите од претставите ќе живеат барем еден месец и годинава.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG