Достапни линкови

Судот ја укина мерката на претпазливост за Заев


Кривичниот совет на скопскиот Основен суд ја укина мерката на претпазливост за лидерот на опозицијата Зоран Заев и го одби барањето на Јавното обвинителство да му се одземе пасошот. Заев, кој е четвртообвинет во случајот „Пуч“ со одлуката нема да има обврска секоја недела да се јавува во струмичкиот суд. Ново рочиште за случајот „Пуч“ е закажано за 5-ти октомври и тоа ќе биде трет обид да започне процесот откако на претходните два Заев не се појави. Во меѓувреме се очекува предметот да го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која завчера рече дека откако Советот на јавни обвинители ќе го изгласа 14-члениот тим што го предложи, ќе ги побара од скопското јавно обвинителство сите предмети што ќе бидат во нејзина надлежност.

XS
SM
MD
LG