Достапни линкови

Талибанците не се целосно отстранети од Кундуз


Дел од талибанските борци се уште се во Кундуз, еден ден откако авганистанските сили повторно освоија голем дел од северниот град. Локалните жители велат дека талибанските борци се кријат во цивилни домови. Гувернерот на провинцијата Кундуз, Хамдула Даниши главниот град го опиша како мирен и оти нема големи борби. Но, сепак призна дека бунтовниците не се целосно отстранети од градот. На 1 октомври авганистанската армија повторно ја презема контролата во поголемиот дел од Кундуз, кој Талибанците го заземаа во напад на 28 септември.

XS
SM
MD
LG