Достапни линкови

Русија трет ден извршува воздушни напади во Сирија


Русија соопшти дека трет ден извршува воздушни напади во Сирија и оти се погодени 12 цели на групата на Исламската држава, во услови кога продолжуваат да се креваат дипломатските тензии за целите на Москва во земјата. Руското министерство за одбрана информираше дека воените авиони погодиле командно место и комуникациски центар во провинцијата Алепо, како и камп на милитантите во Идлиб. Командно место во провинцијата Хама исто така било целосно уништено. Се уште нема независна потврда дека целите били поврзани со радикалната милитантна група на ИД. Русија постојано тврди дека нивната цел е да го поразат тероризмот. Но, грижите на Вашингтон се дека главната цел на Русија е да го задржи на власт претседателот Башар ал-Асад.

XS
SM
MD
LG