Достапни линкови

МВР: Издадени над две илјади потврди на мигранти


Во изминатите 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.473 странски државјани, информира МВР. Од нив најбројни се државјаните на Сирија, Авганистан и Ирак, додека другите се во помал број. Од 19 јуни до сега издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 111.361 странски државјани. Од започнувањето на издавањето на потврдите до Одделението за азил се поднесени 50 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда.

XS
SM
MD
LG