Достапни линкови

Според договорот од Пржино, 20-ти октомври е крајниот рок до кога треба да бидат назначени новите министри за внатрешни и за труд и социјална политика кои треба да бидат именувани по предлог на СДСМ.

Викендов јавноста треба да ги дознае имињата на новите министри во МВР и труд и социјална политика кои ќе бидат дел од новата преодна влада предвидена според договорот од Пржино. Претседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев рече дека се подготвени за преземање на функциите во министерствата договорени на 15-ти јули, а дека оваа седмица ќе донесат одлука и за останатите кадровски решенија. Тој дополни дека посебно внимание ќе посветат на изборот на кадарот на министер за внатрешни работи.

Веројатно ќе се повтори она што се случуваше околу изборот на специјалниот обвинител. До последен момент ќе се чека да се изгласа или да се постигне договор околу министрите и околу оставката на Никола Груевски. И до тоа нема да дојде ако нема силен меѓународен притисок.

Според договорот од Пржино, 20-ти октомври е крајниот рок до кога треба да бидат назначени новите министри за внатрешни и за труд и социјална политика кои треба да бидат именувани по предлог на СДСМ. До истиот термин треба да бидат назначени и заменици министри уште во неколку министерства, а ВМРО-ДПМНЕ во двете министерства каде челната позиција ќе ја има опозицијата треба да назначи свои заменици министри.

Една од поделикатните обврски што следува е и инаугурирањето на новата влада. Во договорот е предвидено дека околу Нова година премиерот Груевски треба да ја напушти функцијата, а Новата влада треба да биде инаугурирана на 15 јануари, 100 дена пред парламентарните избори на 24 април. На чело на новата влада треба да биде новиот премиер номиниран од ВМРО-ДПМНЕ.

Иако атмосферата во која ќе се одвива изборот на новите кадровски решенија ќе биде напната, експертите се оптимисти дека нема да се испуштат последните рокови и дека важна ќе биде улогата на меѓународниот фактор.

„Веројатно ќе се повтори она што се случуваше околу изборот на специјалниот обвинител. До последен момент ќе се чека да се изгласа или да се постигне договор околу министрите и околу оставката на Никола Груевски. И до тоа нема да дојде ако нема силен меѓународен притисок“, вели професор Здравко Савески, кој дополнува дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да го одолговлекува процесот за подолго време да биде на власт.

„Немаме ние нормална демократска атмосфера во Македонија каде сите засегнати политички фактори знаат што значи тежина на ставање потпис на еден документ. Така што ќе се гледа до последен момент да се извлече нешто што може да се извлече“, вели Савески.

Претходно специјалниот јавен обвинител беше избрана на 15 септември. Засега опозицијата не сакаше да го коментира новиот тим на помошници – обвинители, што деновиве го предложи специјалниот обвинител Катица Јанева, затоа што, како што рекоа оттаму, имаат целосна доверба во неа, затоа што е дојдена како решение со согласност на сите четири партии.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG