Достапни линкови

Оружен напад во колеџ во Орегон, 10 загинати


Полицијата го застрела човекот кој претходно уби 9 луѓе во еден колеџ во американската сојузна држава Орегон. Според медиумите, станува збор за 26-годишниот Крис Харпер Мерсер, кој живеел во близина на колеџот. Убиецот при нападот користел 4 пушки, во кој освен убиените има и 7 ранети.

Колеџот „Umpqua Community College“ се наоѓа во Розбург, гратче од 20 илјади жители во близина на Винчестер, во јужен Орегон, на 300 километри јужно од Портланд.

XS
SM
MD
LG