Достапни линкови

logo-print

Одржани првите разговори: Американците не им веруваат на Русите


Американски и руски воени претставници вчера одржаа разговори чија цел е да се избегнат конфликти во Сирија, меѓутоа висок генерал изјави дека САД нема да споделат чувствителни информации со Русија. Имам ниско ниво на доверба кон Русите, рече генерал Роберт Ото, заменик шеф на разузнавачкиот персонал на воздушните сили. Не можам да замислам односи во кои јас би споделил некакви разузнавачки информации со нив, додаде Ото.

Двете земји се согласија за начините на комуникација за да се избегнат несакани судири за време на едночасовната видео конференција, но американски претставници се жалат дека Русите не ги гаѓаат само позициите на Исламската држава, за кои тие велат дека се нивна цел.

XS
SM
MD
LG