Достапни линкови

Состанок на квартетот лидери за кризата во Украина


Лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина ќе се состанат денеска во Париз во обид да го консолидираат кревкиот мир во Украина. Меѓутоа, состанокот би можел да падне во сенка на бегалската криза предизивикана од војната во Сирија, како и руската драматична воена интервенција таму за поддршка на претседателот Башар ал Асад. Таканаречениот квартет лидери се надеваат дека ќе ги надминат слабостите во мировниот процес во Украина, каде што борбите се уште не се запрени.

Главните спорни точки се одржувањето локални избори во сепаратистичката источна Украина овој месец, обезбедување пристап за меѓународни посматрачи во бунтовничките зони, како и повлекување на тешкото оружје од фронталната линија.

На состанокот се очекува да учествуваат германската канцеларка Ангела Меркел и претседателите на Русија, Украина и Франција, Владимир Путин, Петро Порошенко и Франсоа Оланд.

XS
SM
MD
LG