Достапни линкови

Унгарија ќе ја запечати границата со Хрватска


Унгарската Влада соопшти дека е подготвена да ја запечати својата граница со Хрватска, како што направи низ границата со Србија, но исто така сака Австрија и Германија да одлучат дали ќе прифатат уште мигранти. Јанос Лазарос- шефот на кабнинеот на премиерот Виктор Орбан, денеска рече дека властите во Виена претходно ги отфрлиле предлозите за транзитен коридор низ Унгарија, со кои ќе им се овозможи на мигрантите да патуваат до Австрија и Германија. Тој рече дека коридор низ Унгарија може да се направи само ако границата со Хрватска биде изолирана.

XS
SM
MD
LG