Достапни линкови

СДСМ викендов ќе објави кадровски решенија за министри


Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Штип најави дека во текот на викендот ќе почнат да се објавуваат имињата на личностите кои ќе бидат предложени за министри и заменици министри во новата техничка влада. Тој нагласи дека СДСМ е целосно правно и формално подготвен за влез во институциите и нивно поставување, како што рече, на гарантори на претстојните предвремени избори.

„Кадровските решенија најверојатно овој викенд ќе почнеме да ги отвораме. Секако имаме плејада на наши кадри и гледаме да бидат луѓе кои пред се им е интересот на Република Македонија, каде што ќе можат да дадат придонес во овој политички тријар отворен во Македонија, како причина за разрешување на сите отворени проблеми во државата, а конечна цел добра иднина на нашата земја. Секако посебно внимание ќе посветиме на изборот на кадарот за избор на министер за внатрешни работи, се работи за наше целосно решение предлог на опозицијата. Но треба да биде професионалец, ескперт. Тоа значи дека некои од нашите први сопартијци докажани не можат да ја извршуваат оваа функција иако имаме плејада на кадри за оваа работа. Но, така е по договор и така ќе го испочитуваме“, изјави Заев.

XS
SM
MD
LG