Достапни линкови

Русија во контакт со Пентагон за акциите во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска соопшти дека руското Министерство за одбрана е во контакт со Пентагон за текот на нивните воени акции во Сирија. Путин исто така рече дека извештаите за цивилни жртви како резултат на руските воздушни напади се „информативен напад.“ Американскиот сенатор Џон Меккејн изјави дека вчерашните руски воздушни напади во Сирија ја таргетирале бунтовничката група на Слободната сириска армија поддржана од САД. „Јас апсолутно можам да потврдам дека нивните воздушни напади беа против регрутите на Слободната сириска армија кои беа вооружени и тренирани од страна на ЦИА, бидејќи имавме комуникација со луѓето таму“, рече Меккејн во интервју за Си-Ен-Ен.

XS
SM
MD
LG