Достапни линкови

logo-print

За две недели низ Хрватска минале 90.000 мигранти


Хрватската полиција соопшти дека повеќе од 90 илјади мигранти поминале низ земјата кон Западна Европа, за малку повеќе од две недели. Министерот за внатрешни работи Ранко Остојиќ денеска изјави дека само пет луѓе останале во еден од двата главни бегалски кампови во Хрватска, додека останатите заминале кон Унгарија. Мигрантите бегаат од војните и сиромаштијата на Блискиот Исток, Африка и Азија во надеж да стигнат до богатите европски земји, како Германија или Шведска. Хрватска стана транзитна земја за бегалците во средината на септември, откако Унгарија ги затвори нејзините граници со Србија. Приливот на мигрантите не се очекува да запре со влошувањето на врменските услови.

XS
SM
MD
LG