Достапни линкови

Косовската опозиција ја блокираше работата на Парламентот


Пратениците од опозицијата денеска повторно го блокираа почетокот на седницата на косовскиот Парламент, продолжувајќи со противење на Бриселскиот договор особено на формирањето Заедница на српски општини, иако тоа не беше на дневен ред на денешната седница. Опозицијата повторно го блокира претседателското место во Парламентот, ја блокира говорницата и не дозволи одржување на седницата. Претседателот на парламентот Кадри Весели изјави дека нема да ги применува овластувањата што му ги нуди правилникот за работа, објавувајќи пауза и повикувајќи ги шефовите на парламентарните групи на разговор со цел да се овозможи продолжување на работата.

XS
SM
MD
LG