Достапни линкови

Грција очекува зголемен прилив на бегалци во октомври


Грчките власти проценуваат дека приливот на бегалци во октомври ќе се зголеми уште повеќе, бидејќи е последниот поповолен период за прилив на мигранти пред доаѓањето на зимата. Изминатите денови пристигнуваат по три илјади бегалци дневно претежно во северниот дел на островот, во близина на турското крајбрежје.

Бројот на бегалците, кои минале преку грчкиот остров Лезбос е три пати поголем од локалното население, соопшти грчката полиција. Според полицијата, од почетокот на оваа година преку островот минале 186.720 мигранти, а оваа година низ Грција минале 300 илјади мигранти.

Тим на грчката државна информативна агенција АНА-МПА спроведе истражување во турскиот град Измир, кој бил претворен во центар за трговија со бегалци. Во зависност од парите со кои располагаат мигрантите, трговците со луѓе за префрлање на грчкиот брег од Турција наплаќаат од 1.800 до 2.000 евра за возрасен и половина за секое дете под 12 години.

XS
SM
MD
LG