Достапни линкови

logo-print

Убиени 25 милитанти во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

Пакистанската армија соопшти дека 25 осомничени милитанти се убиени при воздушни напади врз нивни упоришта на северозападот на земјата во близина на границата со Авганистан. Пакистанската разузнавачка служба информираше дека шест скривалишта на милитантите биле уништени при денешните напади, на околу 40 километри од границата со Авганистан. Владата минатата година започна континуирана офанзива против талибанските милитанти во пограничните региони во Пакистан, особено во Северен Вазиристан. Но, и покрај акциите против милитантите кои го напаѓаат Пакистан, Авганистан ја обвинува земјата дека дозволува авганистанските Талибанци да ја користат нејзината територија за да се борат против владата во Кабул. Пакистан ги негира таквите тврдења и ги обвинува Авганистан и Индија дека ги поддржува милитантите да се борат против пакистанската Влада.

XS
SM
MD
LG