Достапни линкови

logo-print

Светска банка одобри заем за пат Ранковце-Крива Паланка


Бордот на директори при Светска банка денеска одобри заем од 83 милиони евра за Проектот за надградба и развој на патиштата во Република Македонија.

Целта на проектот е да ја подобри транспортната поврзаност за корисниците на патиштата долж Коридорот 8 помеѓу Скопје и граничниот премин Деве Баир, како и да го подобри управувањето со средства и планирањето на Јавното претпријатие за државни патишта.

Проектот за надградба и развој на патиштата е финансиран од Меѓународната банка за реконструкција и развој (ИБРД) преку заем во износ од 83 милиони евра со рок на доспевање од 28 години, вклучително и 8 години грејс период.

XS
SM
MD
LG