Достапни линкови

Авганистан тврди дека го презел Кундуз, Талибанците негираат


Авганистанските сили денеска презеле поголем дел од стратегискиот северен град Кундуз од талибанските бунтовници, три дена по губењето на контролата врз главниот град на северната провинција, што претставуваше срамен пораз за Кабул и неговите сојузници. Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека во операциите се убиени 150 милитанти и оти Кундуз сега е исчистен од бунтовници.

Портпарол на Талибанците негира дека владата го презела Кундуз, додавајќи оти бунтовничките борци сеуште ги одбиваат владините сили во центарот и дека контролираат поголем дел од остатокот на градот.

XS
SM
MD
LG