Достапни линкови

logo-print

Кери, Лавров: итно разговори меѓу воени претставници


Американскиот Државен секретар Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се согласија деја разговорите меѓу воени претставници на двете земји треба да почнат денеска што е можно порано за да се спречат случајни судири во Сирија. Можноста за несакани судири меѓу руските сили и коалицијата предводена од САД која се бори против Исламската држава, значително порасна откако Русија вчера започна воздушни напади во Сирија. Двете држави имаат различни гледања на тоа кои се целите на овие напади. Кери и Лавров вчера по нивната трета средба во оваа недела, изјавија дека тие размениле идеи за политичката транзиција во Сирија. Сите ние сакаме Сирија да биде демократска, обединета и секуларна. Сирија која е дом на сите етнички групи чии права се гарантирани, но ние имаме некои разлики околу деталите како да се дојде до тоа, рече Лавров.

XS
SM
MD
LG