Достапни линкови

logo-print

Предлог- буџетот за 2016 на седница на Буџетскиот совет


Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за Предлог - Буџетот на државата за 2016 година, што го усвои Владата. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески минатата недела образложувајќи го Предлог-буџетот за 2016 година, истакна дека негови основни карактеристики се намалување на буџетскиот дефицит од 3,6 насто годинава на 3,2 проценти следната година и зголемување на средствата за пензии, социјална помош и капитални инвестиции, со цел да се поттикне развојната компонента на буџетот.

Од опозициската СДСМ, пак оценуваат дека Буџетот за 2016 година е преголем, не е остварлив и е во насока на предизборен популизам и придобивање на гласачи.

XS
SM
MD
LG