Достапни линкови

logo-print

Времето денеска сончево и малку потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура се движи од шест до 12, а дневната ќе биде од 17 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и малку потопло со умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Следува период на сончево и потопло време со умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, односно ќе се движи во интервал од 20 до 29 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 5.

XS
SM
MD
LG