Достапни линкови

Русија гради воена инфраструктура на Арктикот


Русија испрати воени бродови на Арктикот, каде се градат нови воени објекти. Нуклеарен мразокршач издлаби канал низ мразот за бродовите на Северната флота, известува новинската агенција Интерфакс. Заменик командантот на флотата, адмирал Виктор Соколов со хеликоптер замина накај островот Средни, кога флотата стигна до Морето Кара за да го прегледа тамошното градилиште. Портпаролот на Северната флота рече дека „во многу блиска иднина“ е планирано таму да бидат распоредени единици за воздушна одбрана. Островот Средни е меѓу петте арктички острови каде се гради нова воена инфраструктура од страна на околу 1500 работници.

XS
SM
MD
LG