Достапни линкови

Русија ги потврди воздушните напади во Сирија


Русија соопшти дека нејзини авиони извршуваат воздушни напади против групата на Исламската држава во Сирија. Портпаролот на министерството за одбрана Игор Конашенков денеска соопшти дека руски воени авиони извршуваат напади врз позиции, возила и складишта на ИД. Претставници на САД претходно изјавија дека Русија извршува воздушни напади во близина на Хомс. Претходно Горниот дом на рускиот Парламент едногласно гласаше да му се даде право на рускиот претседател Владимир Путин да распореди војска во Сирија. Путин изјави дека единствениот начин во борбата против тероризмот во Сирија е да се дејствува превентивно. Тој истакна дека Русија ќе извршува само воздушни напади и оти влученоста на Москва во Сирија ќе биде „привремена.“

XS
SM
MD
LG