Достапни линкови

logo-print

Претставник на САД: Русија започна воздушни напади во Сирија


Илустрација.

Илустрација.

Американски претставници велат дека руски воздушни напади биле извршени во Сирија, во близина на западниот град Хомс. Тие за Ројтерс изјавиле дека Русија еден час пред операциите го известиле САД, но не се дадени информации за бројот на нападите и какви типови на авиони се користени. Претходно Горниот дом на рускиот Парламент едногласно гласаше да му се даде право на рускиот претседател Владимир Путин да распореди војска во Сирија. Советот на федерацијата со 162 гласови го одобри барањето на Путин. Шефот на администрацијата Сергеј Иванов рече дека гласањето на Советот не значи дека дека руските копнени сили нужно ќе земат учество во борбите во Сирија и дека одобрувањето значи употреба на воздушните сили. Русија го засилува военото присуство во Сирија и го поддржува претседателот Башар ал Асад во четиригодишниот конфликт против бунтовниците поддржани од Западот и против милитантите на групата на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG