Достапни линкови

Заробен ирански брод со оружје во Јемен


Коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против Хути бунтовниците во Јемен поддржани од Иран, соопшти дека спречила обид на Техеран со брод да прошверцува оружје во земјата. Коалицијата денеска информираше дека бродот кој бил заробен во Заливот Оман, носел разни видови гранати, ракети и друга опрема наводно наменета за Хути бунтовниците. Во соопштението се вели дека на бродот имало екипаж од 14 членови од Иран. Коалицијата од март извршува воздушни напади против Хути бунтовниците и против други бунтовнички групи, кои минатата година заземаа големи делови од Јемен.

XS
SM
MD
LG