Достапни линкови

Русин осуден за учество во воени операции со ИД


Руски државјанин од градот Тјумењ е осуден на две години затвор пораду учество во борби со милитантите на Исламската држава. Регионалниот огранок на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека Виталиј Макаров, кој го прифатил исламот, е прогласен за виновен поради учество во воени операции во Сирија во 2013 и 2014 година, со нелегална вооружена група лојална на групата на ИД. Макаров, познат и по неговото муслиманско име Јусуф, се изјаснил за виновен. Околу 2400 руски државјани се борат со милитантите на ИД во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG